Фернандо со мајсторија од слободен удар го „реши“ Кариус, Кутињо веднаш возврати! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Спартак Москва поведе со 1-0 во дуелот од второто коло во
групата „Е“ на домашен терен против Ливерпул.

Водечкиот гол за домаќините дојде при една мајсторија на
Бразилецот Фернандо од слободен удар во 24. минута а ударот беше толку силен што беше речиси невозможно истиот да се одбрани.

Сепак, англискиот премиерлигаш веднаш одговори на голот на домаќините, па преку Кутињо во 31. минута израмни на 1-1.

Ливерпул дефинитивно ќе мора да се помачи за бодови во
Москва, евентуален пораз ќе значи сериозно оддалечување во битката за прогрес,
а за издвојување е фактот што Клоп во почетниот состав за оваа средба го има и
Кутињо кој барем засега не може да му помогне на својот тим кој во првото коло
пред своја публика ремизираше со Севилја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани