Фернандо Сантош открива каква била конверзацијата со Роналдо пред мечот со Швајцарија

by
1 минути читање

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош објасни како течел муабетот со Кристијано Роналдо пред мечот со Швајцарија кога му кажал дека нема да биде стартер и вели дека капитенот никогаш не се заканил со заминување.

„Имав дијалог со Кристијано Роналдо. Разговаравме за португалскиот тим. На разговорот кој го имавме пред мечот против Швајцарија, му кажав зошто ќе го ставам на клупата. Ми реков дека нема да стартувам со него во осминафиналето. Тој не беше среќен, што е нормално. Тоа беше нормален разговор каде што двајцата го кажавме своето мислење“, вели Фернандо Сантош.

„Тој никогаш не ми рекол дека ќе го напушти кампот на Португалија. Не ми го рече тоа. Можевте да го видите неговото однесување, како ги славеше головите со своите соиграчи, поздравувањето со фановите…“.

„Кога на фудбалер кој е капитен на Португалија ќе му речете дека ќе почне од клупата, нормално е да не биде среќен. Кога му кажав дека нема да биде стартер, тој ме праша дали тоа е добра идеја. Секако дека не беше среќен, но ве уверувам дека никогаш не рече дека ќе ја напушти репрезентацијата. Тој се однесува најнормално. Оставете го Роналдо на мира“.

„На сите прес-конференции на Португалија, 90 проценти од прашањата се за Кристијано Роналдо“.

„Ние сме фокусирани на мечот со Мароко. Атмосферата во тимот е фантастична. Пред нас е многу тежок меч. Мароко има многу добар состав, ќе биде тешко“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани