167
Реал Мадрид вчера објави дека Хулен Лопетеги ќе им биде нов тренер откако ќе заврши Светското првенство. Тоа не им се допадна на челниците на Шпанската федерација па денеска експресно му врачија отказ.
Неколку часа подоцна Шпанската федерација објави дека легендарниот Фернандо Јеро ќе биде селектор на селекцијата за време на Светското првенство.
Фернандо Јеро беше спортски директор на репрезентацијата на Шпанија. Тој има скромно тренерско искуство. Беше на клупата на Овиедо во сезоната 2016/2017.