Фернандеш открива: Имав добра понуда да го напуштам Манчестер јунајтед

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш одигра одличен натпревар против Реал Сосиедад во кој постигна три гола во победата од 4-1.

Фернандеш беше фудбалер кој посебно го пофали Сер Џим Ретклиф во интервјуто во понеделникот за „Би-Би-Си“, а сега Португалецот потврди дека имал понуда да замине.

„Седнав со челниците на клубот бидејќи имав добра понуда да заминам. Разговаравме на таа тема и размислувавме дали е подобро да заминам или да останам. На крајот ми беше кажано што сакаат од мене, а јас ги прашав дали ме гледаат како дел од тимот и во иднина. Тогаш разговарав и со Ерик Тен Хаг. Тој беше отворен со мене, исто како и клубот. Ми кажаа дека сакаат да бидам дел од новиот Манчестер јунајтед и дека очекуваат да бидеме успешни“, изјави Фернандеш.

На крај очигледно Фернандеш одлучил да остане во Манчестер јунајтед, а медиумите откриваат дека понудите биле од Ал Наср и Ал Итихад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани