Манчестер
јунајтед го обои Манчестер во црвено откако втор пат сезонава во Премиерлигата
славеше над својот градски ривал Манчестер Сити, овој пат пред своја публика со
2-0, со погодоците на Марсијал и МекТоминеј.
Бруно Фернандеш
повторно беше мотор на екипата предводена од Оле Гунар Солшер, а Португалецот
запиша асистенција во водечкиот гол на домаќините, но, во текот на дербито
имаше и „судир“ со противничкиот тренер Пеп Гвардиола.
Медиумите на
Островот го регистрираа моментот кога Португалецот со своите раце му
гестикулираше на Гвардиола да замолчи по една вербална комуникација помеѓу нив
двајца, па Фернандеш ја објасни таа ситуација.
„Веќе разговарав
со некои мои пријатели, а некои велат ‘Пеп освои се’, кој е
Бруно да му го стори тоа?, но, сметам дека се’ околу ова се работи за почитта“ вели тој во
интервју за „Скај Спортс“.
„Зборовите кои
тој ми ги упати во тие моменти ме налутија премногу, а на теренот јас сум
помалку нервозен, таков фудбалер сум, имам почит кон Пеп за тоа што го освоил,
како и тоа што го сторил за фудбалот, бидејќи промени некои менталитети во
фудбалот, но, во тие моменти тој не ја заслужи мојата почит“ додаде Фернандеш алудирајќи
дека се работи за некои зборови од страна на Гвардиола кои го налутиле и
натерале да го стори тоа.