Фернандеш во јануари за околу 50 милиони евра пристигна во Манчестер јунајтед од Спортинг. Тој брзо покажа дека ќе биде едно од најголемите засилувања на клубот во последните години.
Во февруари Бруно Фернандеш ги одигра сите натпревари за Јунајтед, а импресивните партии не останаа незабележани од Премиерлигата. Тој ја доби наградата за најдобар фудбалер во февруари.
„Од дете сонував да играм за Манчестер јунајтед, и тоа што сум на Олд Трафорд е остварување на најголемиот сон во мојата кариера“, вели Португалецот за официјалниот сајт на Премиерлигата.
„Кога ќе дојдете во нов клуб веднаш сакате да дадете гол, првиот гол е посебен. Не е важно каков гол ќе дадете, туку важна е неговата вредност“.
„Задоволен сум со мојот старт, но треба да дадам уште повеќе за да бидам подобар“.