Фернандао прави место за Елмас, нова опција за нашиот фудбалер да продолжи со првиот состав на Фенербахче

by
1 минути читање

Елиф Елмас, 18 годишниот
македонски интернационалец од редовите на Фенербахче е доста актуелна тема низ
турските медиуми.

Пред извесен период
тамошните медиуми пренесоа дека Фенербахче сериозно размислува да го испрати
македонскиот репрезентативец на позајмица до крајот на сезоната, а веќе е
познато дека Генчербирлиги е опцијата број еден за такво нешто, клубот кој во
втората половина од сезоната ќе се бори за опстанок во елитното друштво на
Турција.

Сиве овие најави се
потврдија индиректно со изјавата на Ајкут Кочаман, шефот на стручниот штаб на
тимот од Истанбул, кој пред само два дена истакна дека со Елмас Фенербахче има
15 странски фудбалери, а смее до бројката од 14, со тоа јасно стави дознаење
дека планот со Елмас е позајмица.

Како и да е, турските
медиуми денес пренесоа вест дека две имиња во тимот од Истанбул ќе мораат да
излезат од стројот за да се комплетира таа бројка од 14 странски фудбалери на
листата, токму Робин Ван Перси и нашиот Елиф Елмас.

Но, истовремено, денес
излезе една опција која го остава во игра Елмас во првиот состав на Фенербахче.

Според информациите, на
излезна врата од клубот е 30 годишниот бразилски напаѓач Фернандао, кој не е во
преден план кај Кочаман сезонава по доаѓањето на Солдадо.

Крузеиро веќе подготвува
понуда за него вредна околу 800 илјади евра, а како опција се споменува и
Бурса, која официјално нема пријавено интерес, но често се споменува како
заинтересирана екипа за Бразилецот, низ турските медиуми.

 

Извор: kralspor.ensonhaber.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×