Фергусон: Ви благодарам на сите, наскоро се враќам на Олд Трафорд

by
1 минути читање

На 5. мај Фергусон го потресе фудбалскиот свет откако беше хоспитализиран и му беше извршена операција на мозкот. За среќа се добро се заврши, тој се наоѓа во одлична состојба, а сега го имаше и првото обраќање во јавноста.

„Најпрво сакам да му се заблагодарам на целиот медицински персолан во Маклесфилд, Салфорд Ројалд и Алсксандра болниците. Верувајте ми, без овие луѓе кои ми дадоа таква грижа, немаше да седам тука денес. Па, ви благодарам од мене и мојата фамилија. Благодарам многу“, вели Фергусон.

„Сите ваши пораки кои доаѓаа од секаде во светот со кои ми посакавте најдобри жеелби, направија да се чувствувам толку смирено. Па ви благодарам за поддршката која ми ја дадовте“.

„Подоцна во сезоната ќе се вратам да го гледам тимот. Во меѓувреме се најдобро за Жозе Мурињо и фудбалери. Ви благодарам многу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×