Фергусон прогнозираше кога Јунајтед може да ја освои Премиер лигата и ги шокираше навивачите

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, изнесе загрижувачка прогноза за иднината на клубот, предупредувајќи дека може да помине уште цела деценија пред „црвените ѓаволи“ повторно да го подигнат трофејот од Премиер лигата.

Последната шампионска титула Јунајтед ја освои во далечната 2013 година, токму во последната сезона на шкотскиот стратег на клупата.

Фергусон, кој денес има 83 години, со Манчестер јунајтед освои 13 титули во англиското првенство и две титули во Лигата на шампионите. Клубот го водеше цели 27 години, во периодот од 1986 до 2013 година. Според неговото мислење, клучната причина за долгогодишниот пост без трофеј во Премиер лигата лежи во лошиот избор на фудбалери.

Тој истакна дека подобрувањето на процесот на скаутирање и носење засилувања е неопходен предуслов за враќање на клубот на патеките на старата слава.

„Аморим е добар тренер, но не му е лесно. Кога јас пристигнав, Ливерпул беше одличен тим, европски шампион, но потоа им беа потребни 30 години повторно да ја освојат титулата во Англија. Слична е ситуацијата и со Јунајтед. Можно е да поминат уште десет години пред повторно да станеме шампиони“, изјави Фергусон.

„Мораме да се погрижиме за доведување подобри играчи. Голманот Ламенс е донесен за да направи разлика, млад е, подвижен, висок и знае да игра и со раце и со нозе. Тука се и Мбеумо и Куња, за кои сметам дека исто така ќе бидат од голема помош“, додаде славниот шкотски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×