Фергусон: Да ја освоиме Лига Европа, оваа година Севиља не е таму

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед се бори на два фронта, се обидува да заврши меѓу најдобрите четири во Премиерлигата и да ја освои Лига Европа. Тоа се двата начини на кои може да се стигне до Лигата на шампионите.

Во изминатите три години Севиља ја освојуваше Лига Европа, па Сер Алекс Фергусон се нашали дека сега кога ги нема нив полесно е да се освои трофејот.

„Никогаш не сме ја освоиле Лига Европа, ниту УЕФА Купот, па сега можеме да го направиме тоа. Имаме добра ждрепка. Не велам дека однапред е готово, но имаме добра шанса“ – вели Фергусон.

„Исто така освојувањето на ЛЕ ве носи во Лигата на шампионите, тоа дополнителен мотив. А оваа година ја нема и Севиља, тоа е добро“.

„Важно е да се освои Европски трофеј, без разлика што тоа не е Лига на шампиони, сепак е европски трофеј“.

„Дали освојувањето на Лига Европа ви го подобрува вашето Си-Ви? Апсолутно. Веќе ги имаме освоено Купот на победници на Купови и Лигата на шампионите, со оваа круна тоа би било уште поголемо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани