Ферги имал проблем со близнаците во Јунајтед: Го бараше брат ми, а по мене викаше (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Сер Алекс Фергусон важеше за тренер кој знае да биде и строг, а во текот на неговиот престој на клупата на Манчестер јунајтед имаше ситуации во кои влегуваше во расправии со своите фудбалери. Една од поинтересните анегдоти од тој период ја сподели Фабио да Силва, кој заедно со својот брат близнак Рафаел беше дел од тимот од „Олд Трафорд“.

Фабио, денес 35-годишен, се присети на ситуација кога по грешка на неговиот брат, токму тој се нашол на удар на Фергусон. На полувремето, шкотскиот тренер бил видно лут и го нападнал Фабио, убеден дека тој е виновникот за пропустот.

„Рафаел направи грешка, но Фергусон дојде кај мене и почна да ми вика, дури кога Рио Фердинанд и Мајкл Карик му посочија дека сум Фабио, а не Рафаел, тој само кратко одговори дека сме исти“, раскажа Бразилецот.

Близнаците да Силва пристигнаа во Манчестер јунајтед во 2008 година, но имаа различни улоги во тимот. Рафаел остави поголем белег со 170 настапи и три титули во Премиер лигата, додека Фабио одигра 56 натпревари пред да замине во Кардиф во 2014 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×