Фердинанд „удри“ силно по играчите на Барса: Пет или шест фудбалери не заслужуваат да го носат дресот

by
1 минути читање

„Каталонците“ одново се на прагот од елиминација и на
реваншот ќе треба да премостат голема пречка откако вчера во Торино беа
убедливо надиграни и тешко поразени од Јувентус со 3-0.

„На Барса и се потребни нови имиња“ – вели Рио Фердинанд кој
вчера беше стручен коментатор за БТ Спорт.

„Има многу играчи кои не би биле дел од тимот на Барселона
пред три години. Премногу имиња има за споменување“.

„Пет или шест фудбалери од овој тим не треба да го облечат
дресот поради начинот на кој играат, интензитетот и квалитетот не им е на
потребното ниво“.

„Овие играчи треба да го хранат со топки ударното трио во
форот, но не им ја додаваат топката доволно брзо“.

„Играта во одбраната е посебна приказна, не гледам индивидуа
која сака да игра одбрана, а како колектив не го прават тоа“.

„Тимот повеќе не притиска како што го правеше тоа под
водство на Пеп Гвардиола. Знам дека сега е друг тренер на кормилото, но во еден
период и под водство на Луис Енрике го правеа тоа“.

„ Ми изгледа како овие момци ниту да имаат идеја ниту пак
желба да импресионираат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани