Фердинанд го плаќа данокот на големата кариера – мора да користи и инвалидска количка!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, Рио Фердинанд, откри дека сериозните проблеми со грбот, последица од долгогодишната играчка кариера, понекогаш го принудуваат да користи инвалидска количка.

Фердинанд, кој денес има 47 години, минатата година заедно со сопругата Кејт се пресели во Дубаи, но проблемите со повредите од речиси 600 одиграни натпревари продолжуваат да го мачат.

Иако на најновите фотографии изгледа во одлична форма, Фердинанд признава дека болките од кариерата сега се неподносливи. За време на активната кариера, тој години користел инјекции и таблети против болка за да може да настапува, но последиците сè уште се присутни.

„Подолго време имам проблеми со грбот. Влечам повреди уште од кариерата. Шест години играв под таблети и инјекции. Тоа остави последици. Понекогаш морам да поминам неколку дена во болница или во инвалидска количка. Лудо е, но болката едноставно се појавува од никаде“, изјави Фердинанд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×