Фенербахче доби
одговор од ФИФА во однос на апликацијата за регистрација на 17 годишниот Елиф
Елмас во првиот тим, но одговорот од Светската фудбалска федерација беше негативен..
За овој случај Фенербахче ќе ги разгледа речиси сите детални опции, барем така наведуваат медиумите во Турција, а се чини дека тимот од Истанбул ќе бара се’ што е во негов прилог во правилникот на ФИФА поврзан со вакви случаи.

За Елиф беше
побарана посебна дозвола од ФИФА, и покрај тоа што пред извесен период истече
преодниот рок за екипите од Турција, а тимот од Истанбул дури и „кроеше“
планови за на местото на повредениот Ван Перси, на списокот на фудбалери на
кого беше дозволено 14 странци, наместо Холанѓанецот да биде вметнат Елмас, но
се чини дека сега сите обиди паѓаат во вода.
Дефинитивно, Елиф
Елмас ќе треба да го сочека стартот на следниот преоден рок (јануари) па да
почне да настапува со првиот тим на Фенербахче.
Според правилата
на ФИФА, фудбалерите под 18 годишна возраст не можат да прават интернационални
трансфери, па така Елмас со Фенербахче има перманентен договор, кој треба да
биде и официјализиран на 27 септември, кога нашиот фудбалер ќе наполни 18
години, но ФИФА има неколку исклучоци во својот правилник во однос на оваа тема,
за што медиумите во Турција велат дека е последната опција за Фенербахче.
Членот 19 во
однос на овие ситуации, вели дека семејството на фудбалерот мора да почне да
живее во наведената земја, меѓудругото и да работи нешто што не е поврзано со фудбалот.
Како и да е, ФИФА мошне сериозно му пристапи на
случајот со Елмас, па така неговиот татко мораше да добие работна дозвола од
Турција и да работи нешто што е вон фудбалот во таа земја. Тамошното
министерство надлежно за тоа, работните дозволи ги издава во период од 30
денови, онолку колку што трае комплетирањето на целосната документација, нешто
што во овој случај е далеку од остварливо за што одговорот на ФИФА би бил позитивен.
Правилото на Светската фудбалска федерација е мошне јасно во овој член, фудбалерот може да биде лиценциран во ваква ситуација, само доколку неготово семејство се пресели во таа земја поради работа што не е поврзана со фудбалот, а јасно е дека неговите најблиски се преселија токму поради него.
Сепак, мошне јасно, последната опција, медиумите во Турција ја наведуваат како „невозможна“, за
ФИФА да ја прифати.
Извор/Фото-вест: yenisafak.com