Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е на излезна врата од Лајпциг каде што речиси и да не игра, па ситуацијата ќе се обиде да ја искористи Фенербахче.
Турскиот гигант е клубот каде што Елмас ја започна кариерата во странство по трансферот од Работнички.
По одличните настапи во Турција за 16 милиони евра Елиф се пресели во Наполи од каде што дојде во Германија.
Сепак, во Германија игра премалку, а Фенербахче според информацијата на турските медиуми испратил понуда за позајмица до крајот на сезоната.
Лајпциг е расположен да разговара за иднината на Елмас, но во германскиот клуб чекаат со цел да видат дали ќе пристигне понуда за целосен откуп на неговиот договор.
Ако дојде до преселба на Елмас во Истанбул тој би станал вториот Македонец кој ќе игра под водство на Жозе Мурињо, по Горан Пандев кој со португалскиот стратег имаше успешен период во Интер.