Нотингем Форест доживеа пораз од 2-1 на домашен терен од Фенербахче, но сепак обезбеди место во осминафиналето на Лигата на Европа благодарение на убедливата победа од 3-0 во првиот натпревар.
Фенербахче влезе силно во дуелот на „Островот“, а Актуркоглу уште по 22 минути ги доведе во водство, што беше единствениот гол во првото полувреме. Турскиот гигант продолжи со одличниот ритам и во вториот дел, кога истиот играч реализираше пенал за 2-0.
Сепак, по вториот гол, домаќините забележително ја презедоа иницијативата. Хадсон-Одои успеа да намали на 2-1, резултат што остана до крајот, доволно за Форест да го зачува пласманот во следната фаза и да продолжи со европската приказна.
CALLUM HUDSON-ODOI HAS JUST SHATTERED FENERBAHÇE'S EVERY HOPE!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 26, 2026
🇪🇺 Nottingham Forest 1-2 Fenerbahçepic.twitter.com/S3RrOJfGM1
Од остантите средби Болоња се пласираше во следната фаза против Бран, Селта беше подобра од ПАОК, додека Динамо со триумф од 3-1 се изборија за продолженија против Генк.