Фенербахче одигра 2-2 на гостувањето кај Андерлехт и со вкупни 5-2 оди понатаму, на Ајакс му требаа 120 минути против Ројал Унион да се пласира во осминафинале.
Тимот на Жозе Мурињо со предност од 3-0 отпатува во Андерлехт, па не му беше тешко да ја задржи.
Головите за Фенер денеска ги постигнаа Ен Несири и Акчичек, а за Андерлехт двапати погоди Вазкез. Мечот заврши 2-2.
Многу повозбудливо беше на мечот меѓу Ајакс и Ројал Унион кој го добија гостите со 2-1, но холандскиот тим оди понатаму.
Ајакс победи со 2-0 во Белгија, па се чинеше дека денеска само рутински ќе го финишира тоа што го почна, но не беше така.
Мекалитер во 16. минута даде гол за Ројал Унион за водство од 1-0.
Во 25. минута Класенс заработи црвен картон откако одреагира како голман и со рака фати топка која влегуваше во голот. Беше досуден пенал кој го реализираше Давид.
Конечниот резултат беше израмнет, а Ајакс го продолжи мечот со фудбалер помалку.
Немаше друг погодок во регуларните 90 минути, па мечот отиде во две продолженија од по 15 минути.
На самиот старт од продолженијата беше досуден пенал за Ајакс кој го реализираше Тејлор за 1-2, што беше и конечен резултат.