Фенербахче ја засили средината со играч од Лацио

by 24 фудбал
1 минути читање

Лацио и Фенербахче постигнаа договор за трансфер на Матео Гендузи, а 26 годишниот француски репрезентативец оваа зима треба да се пресели во Истанбул.

Како што објави турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, Гендузи потпишал договор со Фенербахче до 2030 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Лацио од трансферот може да инкасира до 30 милиони евра, зависно од бонусите.

Поранешниот играч на Арсенал и Олимпик Марсеј има 14 настапи за репрезентацијата на Франција, а беше дел и од Светското првенство во 2022 година во Катар.

Гендузи нема веднаш да му се приклучи на тимот на Доменико Тедеско, бидејќи Фенербахче најпрво го очекува финалето од турскиот Суперкуп против Галатасарај, закажано за в сабота во 19:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×