Фенербахче и Мурињо се спасија, само за еден гол одат понатаму! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

По вчерашните натпревари во Лигата на шампионите вечерва се играше и последното коло од Лигата на Европа во кое не видовме некои посебни изненадуваања.

Манчестер јунајтед сезоната во Лига Европа ќе ја заврши на третата позиција откако вечерва славеше триумф над ФЦСБ во Романија со 0:2. Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања, а победата „црвените ѓаволи“ ја обезбедија со головите во ториот дел.

Прво Далот го отвори резултатот во 60. минута, а осум минути подоцна Маино погоди за 0:2.

На табелата Манчестер јунајтед има 18 бода, бод помалку од Лацио и Атлетико Билбао кои завршија на првата и втората позиција.

Фенербахче беше на работ да доживее елиминација, сепак тимот на Мурињо со освоениот бод успеа да заврши како 25-ти и да оди во плеј-офот.

Диао донесе водство за домаќините во 27. минута, а Ел Несири само осум минути подоцна стрелаше за израмнување. Во вториот дел по само две минути игра Џеко погоди за пресврт, а водстовото на турскиот гигант беше актуелно се до последните моменти кога Бишков погоди за 2:2.

Најефикасниот натпревар вечерва го одиграа Андерлехт и Хофенхајм, а славеа гостите со 3:4. Сепак, тоа не беше доволно за германскиот тим да помине во следната фаза, додека Андерлехт и со поразот заврши како десетти.

Резултати:
Ајакс – Галатасарај 2-1
Андерлехт – Хофенхајм 3-4
Рома – Ајнтрахт 2-0
Атлетик Билбао – Викторија Плзен 3-1
Брага – Лацио 1-0
ДИнамо Киев – РФС 1-0
ФКСБ – Манчестер јунајтед 0-2
Ференцварош – АЗ Алкмар 4-3
Лион – Лудогорец 1-1
Макаби Тел Авив – Порто 0-1
Митјиланд – Фенербахче 2-2
Ница – Бодо/Глимт 1-1
Олимпијакос – Карабаг 3-0
Ренџерс – Ројал Унион 2-1
Реал Сосиедад – ПАОК 2-0
Славија Прага – Малме 2-2
Тотнем – Елфсборг 3-0
Твенте – Бешикташ 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани