Според
информациите кои пристигнуваат од Турција, Фенербахче ги објави цените на
влезниците за реванш пресметката со македонскиот првак Вардар во рамките на
плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа.
Најефтините
билети чинат до 8 евра, потоа следи категорија за 25 евра, па 30 и така натаму.
Најскапите влезници за реванш пресметката достигнуваат до 100 евра.
Ќе издвоиме дека
капацитетот на арената „Шукру Шарачоглу“ изнесува близу 54.000, нема да биде
чудно доколку биде исполнета до последното место и да биде зачинета со
прекрасна атмосфера, а мотивација за фановите на турскиот гигант би требало да
биде резултатот од првата средба во Скопје, каде нашиот шампион славеше со 2-0,
и воедно е на чекор до историски успех.
Дуелот помеѓу Фенербахче и Вардар се игра во четврток со почеток од 19 часот и 30 минути.
Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал,
Вардар-Фенербахче)