Утре со почеток од 20:00 часот Вардар и Фенербахче го играат првиот натпревар од плејофот за Лига Европа. Гостите веруваат во својот квалитет.
„Морам да кажам дека главна и примарна цел е да се мине плеј-офот и да стигнеме до групите, а истото веројатно важи и за Вардар. Факт е дека двата клуба го сакаат истото, се надеваме дека ќе ја искористиме нашата моќ, изгледаме помоќни барем на хартија во однос на нашиот противник“, вели тренерот на Фенербахче, Ајкут Кочаман.
Што се однесува до почениот состав јасно е само дека Робин ван Перси нема да го почне утрешниот натпревар против Вардар. Холанѓанецот е повреден, но предводникот на турскиот гигант не сакаше да открие дали веднаш во првиот тим ќе дебитира новиот голгетер Роберто Солдадо.
„Ние планиравме Солдадо да биде во 18-те играчи кои ќе играат во следниот натпревар во Турската лига, а дали ќе биде во стартните 11 против Вардар се уште не сме одлучиле. Тука има неколку фактори, игравме во првото коло против Гецтепе, не очекува и дуел со Трабзонспор, а тука се и овие два натпревари со Вардар, па конечната одлука околу почетниот состав ќе ја донесеме вечерва“.
Волкан Демирел имаше кикс против Гецтепе во првото коло од турскиот шампионат, но „кормиларот“ на Фенербахче не планира измена помеѓу стативите.
„Јас не можам само од еден натпевар еден играч да го седнам на клупа или да го ставам во првите 11. Како што кажав претходно кога ги правам составите ги гледам сите натпревари кои минале и кои ни следуваат. Ги гледам сите работи кои играчи можат да придонесат во текот на целата сезона. Затоа не би сакал за еден кикс да изгубам еден играч.
„На многу детален начин ги анализиравме двата натпревари со Копенхаген на Вардар, но факт е дека тренерот кој го подготви тимот на овие два натпревари нема да биде на клупата. Многу јасно видовме дека Вардар е тим кој се обидува преку дриблинизи и преку спринотви во празен простор да ја освои играта во третиот дел од теренот и да финишира со шутеви. Доколку утре има веројатност да има нов тренер, јас верувам дека навиките не се менуваат за еден ден. Ние мислиме дека играта на Вардар ќе се одвива како на претходните натпревари“.
Слично е размислувањето и на фудбалерот Алпер Потук.
„Тука сме да оствариме резултат кој ќе претставува предноста за нас, се надеваме дека ќе ги исполниме задачите на нашиот тренер и ќе дојдеме до позивитен резултат“, вели фудбалерот Алпер Потук.
„При нашите анализи увидовме сериозен тим, утре играме против силна екипа но веруваме во нашите квалитети, многу го почитуваме Вардар, но се наведеаме дека ќе дојдеме до посакуваниот резултат“.
„Факт е дека имавме одличен подготвителен период тоа важи за мене, така и за сите. Со доаѓањето на новиот тренер добивме многу самодоверба, а тоа се гледа на теренот“.