194
Турскиот гигант го промовираше најскапото засилување во својата историја, потпиша со Матео Гендузи од Лацио.
Фенербахче за да го купи Гендузи плати неверојатни 28 милиони евра, плус уште два можни бонуси со кои сумата може да оди уште нагоре.
Ова е најскапиот трансфер во Фенербахче и еден од најскапите во турскиот фудбал.
А добро помина и самиот фудбалер, тој ќе заработува пет милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од она што го добиваше во Лацио.