Фелипе: Штета, одигравме добар меч против Розенборг, а за голот… ми годи споредбата со Марадона!

by
1 минути читање

Вардар имаше игра, парираше, а беше добар и во однос на
статистиката од синоќешниот пораз кај Розенборг во Лига Европа, а
разочарувањето во тимот на македонскиот првак е очигледно, впрочем тоа доаѓа и
во изјавата на Хуан Фелипе за официјалниот клупски сајт на црвено-црните.

Вчера
одигравме добар натпревар против Розенборг. И покрај желбата за добар резултат,
не успеавме. Игравме добро, бевме рамноправен противник, имавме и неколку шанси
кои што не ги искористивме. Сега ни останува да мислиме за следните мечеви. Не
чекаат уште четири тешки натпревари, но мораме да размислуваме позитивно и
да почнеме да освојуваме бодови
“ издвои Фелипе кој го постигна првиот
гол за македонска екипа во некое елитно европско клупско натпреварување во
групна фаза.

Многумина неговата мајсторија против норвешкиот клуб ја
споредија како дел од мајсториите на славниот аргентински фудбалер Марадона, а
овие споредби му годат на Фелипе.

Драго
ми е за убавиот гол. На секој играч му е драго кога ќе постигне погодок,
особено на вакви натпревари. Мене ми е мило поради тоа што за мојот гол го
споредуваат со големи светски играчи како што е Марадона. Но, од друга страна
несреќен сум што тој убав гол не донесе поволен резултат од ова гостување.
Несреќен сум за поразот на тимот и се надевам дека ќе се подобриме резултатски
на следните натпревари. Се согласувам со нашиот шеф на стручниот штаб Јаневски
дека и неискуството е еден од факторите за поразот. Сепак, со овие натпревари
го стекнуваме и тоа искуство, и се надеваме дека во идните мечеви ќе дојдат и
бодовите и добрите резултати
“ додаде Бразилецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×