165
Македонскиот првак веќе
одигра два контролни меча за време на подготовките во Анталија, има половичен
учинок засега, во првиот беше поразен од узбекистански Пахтокор, додека во
вториот славеше над бугарски Берое.
Според информациите кои
се објавени на официјалниот клупски сајт, денеска на подготовките на
црвено-црните им се приклучи и Хуан Фелипе, кој доби дополнителен одмор со
оглед на фактот што беше дел од сите 33 натпревари на црвено-црните во
есенскиот дел од сезоната.
„Добро се одморив од
напорниот есенски дел, и сега важно е јас, како и целиот тим добро да се
подготвиме за вториот дел од сезоната“ рече Фелипе.
Извор/Фото:
fkvardar.mk