Фелипе Мело за животот во фавела: 95% од моите другари се мртви, и јас можев да дилам дрога, да носам оружје

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред, кој го носеше дресот на неколку клубови во Бразил и Европа, а во
моментов ги брани боите на Палмеирас, отрива дека фудбалот го однел на прав пат.
Тој потекнува од фавела во Рио, но благодарејќи на топката, побегнал од дрогата
и оружјето.

„Бев роден и
пораснав во најлошата фавела во Рио. Мојата мајка постојано беше дома со нас, а
татко ми работеше по цел ден. Уште од мал сонував да играм фудбал, и доколку не
станев фудбалер, не знам што ќе се случеше со мојот живот… Беше фудбал и само
фудбал. Понекогаш, кога ќе се вратев дома од тренинг, ќе дознаев дека некој од
моите пријатели е застрелан. 95% од моите пријатели од фавелата повеќе не се
живи, сити се мртви. Одбраа друг пат и повеќе не се меѓу нас. Тие 5
%
кои се живи, успеаја да излезат од таму, да
најдат работа, да имаат нормален живот“
– раскажува Фелипе Мело.

„Во фавелата сум
видел работи кои не можете да си ги замислите, работи за кои не сакам ниту да
зборувам. И јас имав шанса да дилам дрога, да носам оружје, но не го сакав тој
живот. Паметам како еден ден главните дилери ми рекоа, „Имаш иднина, повеќе не сакаме
да ти видиме тука. Доколку те видиме, ќе добиеш куршум во глава“. Преферирав
со труд да стигнам до нешто, наместо да заработам лесни пари“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани