Офанѕивецот на
Атлетико Мадрид, Жоао Феликс ја доби наградата за „Златно момче“ во
церемонијата организирана од страна на реномираниот „Тутоспорт“, која се одржа
синоќа.
Феликс, кој се
приклучи на редовите на „Јорганџиите“ по трансферот од Бенфика минатото лето,
ја победи конкуренцијата крај себе, а истата беше составена од Џејдон Санчо од
Борусија Дортмунд, Каи Хавертц од Баер
Леверкузен, како и Ерлинг Браут Халанд од Салцбург.
20 годишниот
Португалец кому му се предвидува блескава кариера на церемонијата во Торино
беше придружуван од својот агент, Жорге Мендеш, кој воедно ги претставува и
правата на Кристијано Роналдо.
Ланската сезона
Феликс постигна 20 погодоци на 43 натпревари за Бенфика, а имаше учество и во
успешното издание на Португалија во Лига на нации, досега, во 17 настапи за
Атлетико Мадрид успеа да постигна 4 погодоци.
Матијс Де Лихт,
Ансу Фати и Фил Фоден исто така беа во конкуренција за наградата, токму Де Лихт
ја освои престигжната награда пред Феликс, а истата претходно во своите кариери
ја имаат подигнато и Лионел Меси, Вејн Руни, Цеск Фабрегас, како и Килијан
Мбапе.