Ѕвездата на Лион е идентификувана од страна на Јирген Клоп како идеална замена за Кутињо и наскоро може да пристигне официјална потврда дека Французинот е ново засилување за вицешампионот на Европа.
Играчот можеби сугерираше дека неговата иднина ќе биде разрешена по Светското првенство, но новинарот на Канал+, Роман Коле Годан соопшти дека Набил Фекир заедно со својот агент Жан Пјер Берне денеска ќе биде во Ливерпул за да ги испегла последните детали за трансферот на Енфилд. Доколку двете страни пронајдат заеднички јазик, веднаш ќе следуваат и медицински тестови.
Се шпекулира дека Ливерпул за услугите на Набил Фекир ќе плати помеѓу 60 и 70 милиони фунти, со што Французинот ќе стане второто најскапо засилување во историјата на „Црвените“.