Феенорд во судиското продолжение го сруши Фенер на Мурињо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Феенорд со предност од гол ќе патува на гостувањето кај Фенербахче, откако дома на „Де Кајп“ го победи со 2-1 (1-0).

Холандскиот претставник поведе со голот на Квинтен Тимбер во 19. минута од средбата. До паузата Ен Несири имаше поништен гол, а потоа во вториот дел темпото опадна.

Фенербахче на Мурињо успеа да се врати резултатски преку Амрабат во 85. минута, меѓутоа тоа не беше доволно за позитивен резултат бидејќи Хаџ Муса реализира за победа на Феенорд во првата дополнителна минута.

Бенфика се приближи до плеј-офот откако слави на Азурниот Брег против Ница со 0-2. Стрелци за Португалците беа Фрањо Ивановиќ и Флорентино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×