317
Големите клубови
од „Островото“ имаа широк состав и токму тоа го покажаа вечерва во Лига Купот,
кој оваа сезона го носи името на спонзорот Карабао.
Челси со убедливи
5-1 славеше над Нотингем, Манчестер јунајтед со 4-1 во совлада Бартон, а Евертон со 3-0 триумфираше над Сандерленд.
Манчестер Сити со 1-2 победи на гостувањето кај ВБА, а најмногу се мачеше
Арсенал.
„Топчиите“ пред
своите фанови со третолигашот Донкастер одиграа само 1-0. Гостите во финишот
имаа неколку шанси да го шокираат фаворитот но беа неспретни во завршницата од
акциите.