Фаворитите сигурни во ВМФЛ, славеа без примен гол!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Брегалница доминираше на гостувањето во Прилеп и со убедливи 4:0 ја совлада Победа, додека Шкендија Арачиново се врати на победничките патеки со триумф од 2:0 против Каменица Саса.

На стадионот во Прилеп резултатот беше отворен во 22. минута, кога Демири постигна гол за 1-0. Само десетина минути подоцна следеше и втор погодок кој беше дело на Калпачки, па Брегалница на полувреме замина со веќе сигурна предност.

Победа беше далеку да направи некакво изненадување во вториот, Брегалница постигна уште два гола преку Михолов и Тасев и така само го потврди триумфот.

Каменица Саса добро одолеваше на напорите на Шкендија Арачиново само до 27. минута, кога Амир Нухија со прецизен лоб ја затресе мрежата за водство од 1:0.

Коначниот резултат го постави Фикрет Ливарека во 55. минута, со одличен удар што ја потврди заслужената победа на скопскиот состав.

Oвие два дуели беа и единствените кои се играа денеска, додека останатите беа одложени поради лошите услвои за игра кои се создадоа по дождот кој ја зафати нашата земја.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×