Фаворитите се мачеа но победија, Франција и Португалија до клучни триумфии (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Триколорите“ сами одлучуваат за својот пласман на СП 2018 откако вечерва со 0-1 славеа над Бугарија.

Голот вреден три бода беше дело на Матуиди во 3. минута. Со овој триумф, Франција се врати на врвот во својата група и со победа во последното коло ќе го потврди билетот за Русија.

Португалија потешко од очекувањата стигна до триумф од 0-2 над Андора, и сега во последното коло пред своите фанови ќе треба да ја победи Швајцарија со повеќе од два гола разлика.

Роналдо натпреварот го почна од клупата за резерви, па откако средбата на полувреме беше 0-0, ЦР7 беше повикан на помош.

Фудбалерот на Реал стапи на сцена и донесе предност од 0-1 во 63. минута. Андре Силва во 86. минута ги реши сите дилеми околу победникот.

Холандија исто така се мачеше со Белoрусија, но стигна до победа од 1-3. Сепак, на „Лалињата“ ќе им треба чудо и висока победа над Шведска.

Грсија со триумф од 1-2 над Кипар си ги задржа шансите за бараж, а Швајцариај со убедлива победа од 5-2 се загреа за клучниот дуел со Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани