1,5K
Преодниот рок во Турција заврши и со тоа стана јасно дека Ансу Фати барем до лето ќе остане во Барселона.
Барселона не смета на Фати и тоа е јасно бидејќи откако се опорави од повредата од декември настапи само половина час во натпреварот од купот против нисколигашот Барбастро и тоа беше се од него во 2025 година.
Се обиде и агентот Жорж Мендеш да го убеди, но не успеа, Фати ги одби сите понуди и остана во Барселона
Причината поради која не сака да го напушти каталонскиот гигант е неговиот богат договор според кој заработува 14 милиони евра годишно и е трет најплатен во тимот.