Медиумите од Италија вчера пренесоа дека трансферите на Леонардо Бонучи и Лукас Биља висат во воздух бидејќи Милан не може да ги достави потребните гаранции.
„Росонерите“ побарале од спонзорот Банко БПМ да даде банкарска гаранција, но добиле негативен одговор.
Сепка, првот човек на клубот, Марко Фасоне уверува дека до 11. август ќе бидат доставени гаранциите.
„Зачуден сум од целата сторија“ – вели генералниот извршен директор на Милан.
„Мислам дека ниту еден клуб од Серија А се уште ги нема доставено гаранциите. Последниот рок е 11. авгусг и ќе го испочитуваме“.
„Фановите можат да бидат релаксирани, Бонучи и Биља ќе играат наскоро“.
Во меѓувреме, Ла Република пренесе дека осигуретелната компанија Џенерали и неименувана банка од странство веќе доставиле гаранции за Лукас Биља, па Милан ќе може да го регистрира Аргентинецот за плеј-оф рундата од Лига Европа.
Весникот додава дека во скоро време „росонерите“ ќе ги достават и гаранциите за Леонардо Бонучи.