Фановите не го сакаат, но Мурињо вели: Фелаини е многу важен за мене, Галата нека заборави на него

by
1 минути читање

„Црвените ѓаволи“ се пред ангажман на Немања Матиќ, па се говори за можно заминување на Маруан Фелаини, кој има само уште една година од договорот.

Изминатиов викенд се појавија гласини дека Белгиецот е на пат за Турција и треба да потпише со Галатасарај.

Но Жозе Мурињо во свој стил го прокоментира можниот трансфер по вчерашниот дуел со Валеренга, на кој фудбалерот од средниот ред постигна гол.

„Полесно за Галатасарај е да ме добие мене отколку Маруан“ – вели „Специјалниот“.

„Ако им треба менаџер, имааt шанси да ме добијат. Но можат да заборават на Фелаини“.

„Тој е премногу важен за мене“.

Ваквите зборови не им се допаднаа на голем број фановите, кои сметаат дека Маруан Фелаини не доволно добар за дресот на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани