Фановите на Велс подобри од ФК Слободен (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Како увертира во вечерашниот меч меѓу Македонија и Велс се одигра пријателски натпревар меѓу фановите од оваа земја и македонскиот четвртолигаш ФК Слободен.

Натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ изобилуваше со голови.

Беа постигнати дури 11 погодоци, а фановите на Велс славеа со 6-5.

Натпреварот почна со интонирање на химните на двете земји и со минута молк за загинатите во трагедијата во Кочани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани