233
Александер Исак не сака ни да слушне да остане во Њукасл, напаѓачот е решен да замине од клубот по секоја цена, а тоа го навлече гневот на навивачите.
Тие се дотолку разочарани од напаѓачот што го запалија и неговиот дрес.
This will definitely make Isak change his mind 🤣 pic.twitter.com/CpU0BviWxc
— Footy Humour (@FootyHumour) August 12, 2025
Исак сака трансфер во Ливерпул, но двата клуба не успеваат да се договорат за висината на обештетувањето.
Проблем е и фактот што Њукасл ја загуби битката за потписот на Бенјамин Шешко кој заврши во Манчестер јунајтед.
Јасно е дека без соодветна замена, Њукасл уште потешко ќе се откаже од Исак, но тој засега е одлучен да замине и покрај договорот кој го има.