Фановите на Наполи со уникатна порака до Игуаин: За нас беше број 1 сега си само 71

by
2 минути читање

Аргентинецот
минатото лето го напушти Неапол и се пресели во редовите на лутиот ривал
Јувентус, па Гонзало Игуаин во очите на „Наполитанците“ е голем предавник.

Тој вчера за прв
пат се врати на Сан Поало и го чекаше пеколна атмосфера.

Секогаш кога ќе
ја допреше топката следуваа жестоки свирежи од публиката.

Домашните фанови
исто така на интересен начин му кажаа на Гонзало Игуаин што мислат за него.

На една од
трибините стоеше парола на која пишуваше: „За нас беше број 1 сега си само 71
.

„Наполитанците“
имаа имиња за лото и томбола броевите, и бројот 71 служи за личност која не
вреди ништо или „го*но човек“.

Голем дел од
фановите во своите раце држеа листови сo презимето на играчот и бројот 71, а исто така во 71. минута
од средбата од целиот стадион се слушаа свирежи и покрај тоа што топкаа не беше
во нозете на Гонзало Игуаин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани