Фановите на Милан почнуваат да сонуваат, Ибра понуден на „росонерите“, еве ги деталите

by
1 минути читање

„Росонерите“
сакаат да ангажираат уште еден голгетер до крајот на преодниот рок, на листата
со желби има неколку играчи, но зделките за Диего Коста, Пјер Емерик Обамејанг
и Андреа Белоти се комплицирани.

Денеска медиумите
од Италија објавија ново име како опција за Милан, Мидиасет Премиум соопшти дека
Мино Рајола им го понудил Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот во
моментов се опоравува од повреда на коленото и нема ангажман за следната
сезона.

Тој треба да се
врати на терените во октомври, а „росонерите“ до средината на август треба да
одлучат дали сакаат да го вратат популарниот „Ибракадабра“.

Проблем би можела
да преставува високата плата, Златан Ибрахимовиќ бара околу 7 милиони евра, со
што ќе стане еден од најплатените фудбалери во Серија А.

Преговорите се
тешки но не и невозможни, па фановите почнуваат да сонуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани