Фановите на Милан бараат одмазда: Не го продавајте Донарума, седнете го на клупа!

by
1 минути читање

Донарума синоќа им приреди големо разочарување на фановите на Милан откако одби да стави потпис на нов договор со клубот.

Сега Милан има две опции, едната е да го продаде голманот, а втората е да го задржи, но по завршувањето на следната сезона тој би заминал како слободен играч.

„Тоа што се случи е скандалозно“ – вели Џанкарло Капељи, еден од лидерите на навивачите на Милан.

„Милан направи се за да го задржи. Според мене, Донарума треба да ја преседи идната сезона на клупа“.

„Тоа што не прави уште повеќе лути е фактот што ние правевме лични песни за него“.

„Тој, човекот кој го бакнуваше грбот на Милан пред нашата трибина по мечот против Јувентус. Како се осмелува?“.

„Ние како „Курва Суд“ му даваме целосна поддршка на клубот“.

Доколку Милан сака да го казни Донарума, со оглед на неговата возраст може слободно да го прекомандува и во младинскиот клуб, а доколку размислува рационално, ќе го продаде и ќе заработи на неговиот трансфер. Во наредниот период ќе се знае конечната одлука на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани