Фановите на Манчестер јунајтед платиле авион со банер да испрати порака на Олд Трафорд, еве која е жртвата

by
1 минути читање

Според
информациите кои во јавноста ги споделија одредени медиуми на Островот, се вели
дека фановите на Манчестер јунајтед платиле авион кој ќе пренесе банер со
порака над Олд Трафорд за мечот против Тотенхем во понеделник.

Пораката која ќе
биде испишана на банерот ќе биде адресирана до Ед Вудворд, извршниот
потпретседател на клубот од кого ќе се побара оставка.

Вудворд се
соочува со големи критики од фановите на клубот, особено поради фактот што не
ги исполни желбите на Жозе Мурињо за изминатиот преоден рок во Премиерлигата,
познато е дека португалскиот стратег силно посакуваше централен дефанзивец како
засилување во својот тим, нешто, кое остана неисполнета желба.

Освен тоа, Мурињо
имаше и други желби, но, на крајот се задоволи со Фред кој за 50 милиони пристигна
од Шахтер, Диого кој за речиси 20 милиони пристигна од Порто, а ќе го споменеме и Ли Грант, ветеранот кој доаѓа како трета опција на голманската позиција, иако на списокот на желби имаше повеќе опции, меѓу кои прв
избор несомнено беше Тоби Алдервирелд од Тотенхем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×