Фановите на Манчестер јунајтед го слават малиот Карли поради писмото до Клоп по кое Ливерпул настрада

by
2 минути читање

Актуелниот европски првак Ливерпул беше сопрен уште во
осминафиналната рунда од Лигата на шампионите во одбраната на титулата,
Атлетико Мадрид го зеде скалпот на „Редсите“, а на Островот на големо се
потсетуваат на едно писмо по кое тргна на лошо составот предводен од Јирген
Клоп.

Секако дека не сите се сеќаваат за тоа писмо на 10 годишниот
Дарах Карли од Денегал, Северна Ирска, кој го контактираше Клоп преку писмо
минатиот месец како дел од школски проект, а од писмото јасно се увиде колку
малиот Карли е стравствен навивач на големиот ривал на Ливерпул, Манчестер
јунајтед.

Ливерпул победува на многу натпревари, доколку победите на
уште девет натпревари, тогаш ќе го запишете најголемата низа на непоразеност во
англискиот фудбал, а да се биде навивач на Манчестер јунајтед во една таква
ситуација е тажно
“ напиша тој.

Така, наредниот пат кога Ливерпул ќе игра, ве молам
направете да загуби, оставете го противникот да погоди, се надевам со ова ве
убедив да не ја освоите лигата или некој друг натпревар повеќе
“ додаде тој во
писмото.

На изненадување на многумина, следеше и одговор од страна на
Клоп кој исто така возврати со писмо кон детето, во кое му наведе дека колку
тој што силно посакувал Ливерпул да загуби, толку е негова обврската да се
погрижи клубот да не го стори тоа.

Но, тоа што следеше по писмото на Карли, наиде на
воодушевување кај многу приврзаници на Манчестер јунајтед, но и општо сите
останати големи ривали на Ливерпул, клуб кој најпрво на самиот крај на февруари
го забележа првиот пораз во Премиерлигата сезонава, и тоа на гости кај Ватфорд
со убедливи 3-0, за потоа да следи и елиминација во ФА Купот од Челси, кај кого
загуби со 2-0.

Победата на домашен терен над Борнмут со 2-1 беше помалку
утешна за претходниот шок, но истиот не запре тука, па синоќа „Редсите“ беа
елиминирани уште во осминафиналето од Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид,
па во моментов големите ривали на Ливерпул на социјалните мрежи го слават
потегот на малиот Карли, особено навивачите на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×