79
Езгјан Алиоски игра во
фантастична форма, популарниот „Џани“ погоди по трет пат во низа за Лидс откако
постигна гол во поразот на гостински терен кај Вулверхемптон со 4-1.
Неговиот гол беше
вистинска мајсторија а на тоа реагираа фановите на тимот од „Еланд Роуд“ кои
упатија пофални зборови за неговата фантастична реакција.
25 годишниот
македонски офанзивец на 16 настапи има 4 погодоци во дресот на Лидс во Чемпионшиплигата,
од кој еден, да потсетиме беше избран за гол на месецот.