Оле Гунар Солскјер имаше почеток како од бајка, но откако го потпиша перманентен договор со клубот, работите тргнаа во надолна линија, почнаа да се рушат негативни рекорди.
Манчестер јунајтед на последните осум натпревари има дури шест порази и само две победи. Фрустрацијата на фановите е толку голема што некои од нив почнаа да го бараат Мурињо назад.
„Може да го вратиме Мурињо назад?“, твитна еден фан на Јунајтед.
„Треба да го отпуштиме Солскјер и да го вратиме Мурињо назад и да му дадеме 500 милиони за засилување“, напиша друг навивач.
„Мурињо е визионер. Вратете го назад“, беше реакцијата на трет.
„Дури и играта со Мурињо беше подобра од ова што го гледаме“, изјави четврт.
Португалецот ја загуби контролата во соблекувалната на Јунајтед, особено по честите расправии со Пол Погба.
Се чини дека сега истото му се случува и на Солскјер, дел од ѕвездите во тимот не играат на потребното ниво, а Погба е еден од нив.
Дали добрите резултати на Солскјер со Манчестер јунајтед беа само случајност или тој навистина е добар стратег времето ќе покаже. Но можеби Мурињо беше во право кога велеше дека однесувањето и залагањето на дел од фудбалерите во тимот е непрофесионално.