Фановите на Иран се собраа пред хотелот на Португалија да прават врева, Роналдо им излезе на прозор (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Иран и
Португалија вечерва се среќаваат на „Мордовија Арена“ во натпревар кој одлучува
за псласман во осминафиналето. Иран има три бода, еден помалку од Португалија,
и доколку успее да го изненади фаворитот, продолжува со настапот на
мундијалот.

Па група навивачи
на Иран синоќа се собрале пред хотелот на Португалија во Саранск за да прават
врева, и со тапани и вувузели се обиделе да го нарушат мирот на актуелниот
европски шампион.

Галамата во еден
момент била толку гласна за Кристијано Роналдо да излезе на прозор. ЦР7 правеше
гестови со кои ги замоли фановите да го остават него и соиграчите да спијат.

Неговото
појавување предизвикало воодушевување кај насобраната маса, но медиумите пренесуваат дека вревата
продолжила чим Кристијано Роналдо се тргнал од прозорот. И не само тоа, голем дел од фановите потоа се упатиле токму под прозорот на фудбалерот на Реал Мадрид со надеж дека тој одново ќе се појави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани