Фановите на Интер во исчекување по последната изјава на Лукаку

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку е
голема желба на Интер, самиот фудбалер јасно посочи дека посакува да игра во
Серија А, потенцирајќи дека сака да игра под кормилото на Антонио Конте, тренер
за кого има високо мислење.

Напаѓачот беше
изоставен од составот на Манчестер јунајтед за контролката со Перт за време на
подготовките во Австралија, па запрашан за неговата иднина и шпекулациите со
Интер, Белгиецот имаше кус одговор.

Ќе знаете нешто
следната седмица
“ беше одговорот на напаѓачот, а од друга страна пак, шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека приватните разговори со неговите фудбалери ќе останат приватни, па така одби да даде директен коментар на таа тема..

Дали сум му
кажал на Лукаку дека сакам да го задржам во тимот? Моите приватни конверзации
со фудбалерите ќе останат приватни
“ рече Солскјер додавајќи дека Лукаку не бил
подготвен за контролката која „Црвените ѓаволи“ ја добија со 2-0, Норвежанецот
посочи дека напаѓачот ќе биде целосно рехабилитиран до среда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×