Фановите на Интер направија споредба: Фратези се радуваше како Пандев! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Интер вчера го победи Баерн Минхен на Алијанц арена со 2-1, а овој триумф многу потсетува на оној од 2011 година кога Горан Пандев им пресуди на Баварците.

И голот на Пандев и голот на Фратези беа постигнати во 88. минута, а двајцата фудбалери на ист начин прославија, со соблекување на дресот, под него и двајцата имаа бела маица.

Тогаш Пандев во 88. минута постигна гол за победа од 3-2, а сега Фратези погоди за триумф од 2-1.

Фановите на Интер на социјалните мрежи прават споредби меѓу погодоците и прославите на Фратези и Пандев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани