Интер денеска доживеа уште еден пораз откако на свој терен загуби од Сасуоло со 2-1, најверните навивачи на тимот си заминаа уште во воведниот дел од мечот и го искажаа незадоволството од актуелните случувања.
Ултрас навивачите на Интер имаа мало шоу во првото полувреме на мечот против Сасуоло пред да го напуштат натпреварот. А за она што го направија добија аплауз од сите присутни фанови на клубот кои покажаа дека се сложуваат со нивното мислење.
За време на претставувањето играчите добија свирежи, најголемите му припаднаа на капитенот Икради. Навивачите имаа поставено банери и против одлуките на кинеските сопственици. Поддршка доби единствено отпуштениот тренер Стефано Пиоли.
Пред да си заминат од мечот извадија банер со напис: „Бидејќи не ја заслужувате нашата поддршка, денеска ве поздравувам и одиме да јадеме“.
Интер во последните осум натпревари нема ниту една победа, дури шест порази и две нерешени средби.