Фановите на Фиорентина пред неговиот дом го молеа да не замине, но залудно, Борха Валеро потпишува за Интер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерот кој потекнува од школата на Реал Мадрид, Борха Валеро во 2012 година пристигна во Фиорентина и веднаш ги освои навивачите, за брзо време стана нивен миленик.

Откако стана се појасно дека Валеро ова лето ќе ја напушти Фиорентина и ќе се пресели во Интер, стотици фанови со бакли, транспаренти и песни пред неговиот дом бараа тој да остане, но тоа нема да се случи.

Претседателот на Фиорентина потврди дека Борха Валеро веќе е играч на Интер, се очекува уште официјална потврда.

„Дали Борха Валеро е веќе продаден на Интер? Да, да…“ – потврди Коњињи за „Кориере дело Спорт“.

Според информациите од италијанските медиуми, Интер за трансферот на Валеро ќе плати 7 милиони евра. Медицинските прегледи треба да се случат во понеделник, по што тој ќе стави потпис на договор со нероазурите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×