Фановите на Челси удрија по Мурињо: Најголема грешка му е што го „шутна“ Де Брујне (ФОТО)

by
4 минути читање

Кевин Де Брујне
вечерва имаше одлично издание на Стемфорд Бриџ и со прекрасен гол му донесе
победа на Манчестер Сити во дерби пресметката.

Но лесно можеше
работите да беа обратни и Белгиецот да стрелаше во дресот на Челси.

Тој пристигна на Стемфорд Бриџ во 2012 од Генк, но никогаш не се наметна
посериозно па во 2014, Жозе Мурињо го продаде на Волфзбург.

Слично како и во
случајот на Ромелу Лукаку, „Сините“ не ставија клаузула со која ќе имаат
можност да го вратат играчот, па Кевин Де Брујне заврши во Манчестер Сити.

Фудбалерот сега
во целост го покажува талентот со кој располага, па фановите на Челси жалат што
Жозе Мурињо го продал репрезентативецот на „Црвените ѓаволи“.

„Тоа што го
„шутна“ Де Брујне навистина е најголемата грешка на Жозе Мурињо
– напиша еден фан.

„Изгледа Челси
плаќа за гревовите на Мурињо. Кевин Де Брујне, како прекрасен гол!!!
– напиша друг.

„Челси вечно ќе жали за одлуката да го продаде Кевин Де Брујне. Без сомнение, најлошата одлука во кариерата на Жозе Мурињо“ – напиша трет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани