Фановите на Бетис збеснаа на оваа објава од Барселона, а потоа Каталонците се извинуваа (ФОТО)

by
1 минути читање

По убедливата
победа над Бетис од 5-2 на „Камп Ноу“ со што тимот на Валверде стигна до првата
победа во Примера во новата сезона, во Барселона не се штедеа на провокации кон
противникот кој не искористи тоа што триото Меси, Суарез и Дембеле синоќа
отсуствуваше.

Барселона на
социјалните мрежи имаше една објава која во голема мера ги налути фановите на
Бетис, а се однесува на фотографија со Жуниор Фирпо, 23 годишниот фудбалер кој
позира во дресот на Каталонците со поздрав со своите раце.

Каталонците ја
искористија таа фотографија да ги „пецнат“ од Бетис, а во коментарот напишаа
:
Жуниор Знае“, воедно неговиот
поздрав со рацете го искористија за петте гола кои ги прими Бетис во својата
мрежа.

Сосема очекувано,
фановите на Бетис збеснаа на социјалните мрежи по оваа објава од Каталонците, а
што се однесува пак до Фирпо, тој синоќа во игра на пресметката на „Камп Ноу“
влезе во игра во 81. минута, тој во Барселона ова лето дојде токму од Бетис за 25
милиони евра.

Од Барселона веќе се извинија за објавата, потенцирајќи дека немале никаква намера да упатат непочитување кон Бетис и неговите фанови, од таму додадоа дека можеби моментот на објавата не соодвестувал со моментот кој според нив бил посебен за Фирпо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×